 | 2872 Членови |
 | 0 Денеска |  | 7 Оваа недела |  | 5 Овој месец |  | Последен: Astersans Psihhlosas | |
|
|
Дебата -
Бла Блакање
|
|
3.07.2009. |
|
А ШТО ДРУГО? Ниту една земја нема да влезе во Европската Унија во скора иднина, изјави шведскиот премиер Фредрик Рејнфелд. Ова го кажа човекот чија земја го презема претседавањето со Унијата и замислете никој кај нас ни пет пари не даде, т.е не се потресе. Тоа е предноста кога си соочен со своите квалитети односно неквалитети, па си свесен дека темата за која говори шведскиот премиер ама баш ич не те засега. Ни во скора, а по се изгледа, ни во малку подалечна иднина. Напиши коментар (0 Коментари) |
|
Шегаџија -
Ха, ха, ха !!!
|
|
3.07.2009. |
|
ЗАБРАНА И ВИСКИ Знаете ли што значи ем да те тепаат, ем со виски да те појат? Тоа е да си ставен на црната листа на Обама, а да те викнат на прием во американската амбасада. Тоа им се случи на Бошковски и Тачи- тие имаат забрана за да влезат во САД, ама затоа вчера беа меѓу поканетите гости при отворањето на амбасадата. Ова е уште еден доказ дека Америкаците се хумор мајстори на кои им нема рамни... Напиши коментар (0 Коментари) |
|
|
Што ќе ми пардон? -
Ајде Ви се молам ...
|
|
3.07.2009. |
ИЛИ НЕ? Можна владина реконструкција, Маневски и неговата пензија, Славевски како Анџелина Џоли, Фуере оди си дома, беа главните занимации за оваа недела. Од друга страна, скромно, да не кажам и незабележано помина предупредувањето од Сојузот на стопанските комори дека голем дел од фирмите се пред колапс и кој знае дале ќе ја дочекаат есента. Село гори, баба се чешла, да не е ова нашево?... Како тргнало, не ќе изненади ако бабата тркне до фризер за да се ондулира, фенира и шатира... Напиши коментар (0 Коментари) |
|
|
Шегаџија -
Ха, ха, ха !!!
|
|
2.07.2009. |
|
ЈОСИПА ЛИСАЦ ВОДИТЕЛОТ: Жорж, какво ќе биде времето наредните седум денови? ЖОРЖ: Реконструктивно. Груевски е пред реконструкција на владиниот кабинет, по што ќе премине и на реконструкција на облаците, па се надевам дека од вторник сонце ќе не опече, а дождовите ќе бидат минато... ВОДИТЕЛОТ: А ако премиерот не успее да ги реконструира облаците? ЖОРЖ: Тогаш пак сонце ќе не огрее оти со реконструираниот кабиент не чека светла иднина, многу посветла од оваа што ја имавме до сега... Напиши коментар (1 Коментари) |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Хуманитарец -
Помош
|
|
2.07.2009. |
|
ЗА ИВА Дваесет и девет годишната Ива Миленковиќ боледува од рак. По лекувањето во Скопје, Ива беше префрлена во Виена, а по долгата хемотерапија сега е во американскиот град Хјустон. Лекувањето на Миленковиќ ќе биде долготрајно и скапо, па доколку сте во можност донирајте 100 денари на телефоните: o70/143-153 077/ 143-314. Напиши коментар (0 Коментари) |
|
Последна промена ( 2.07.2009. )
|
|
|
|
|